Денешниот број на италијанскиот Кориере дела Сера во својот весник објави шокантна информација, во која се зборува за можен трансфер на сегашниот тренер на Милан Алегри во тимот на Рома.
Според пишувањето во весникот, тренерот на Милан Масимилиано Алегри ги прифатил сите услови на Римјаните, и наскоро ќе потпише 3 годишен договор.
Интерес за тренерот имаше и од страна на градскиот ривал Интер, но според информациите тој ги одбил.
По оваа шокантна вест следуваше реакција на официјалниот сајт на Милан, во кој Росонерите ја негираат оваа вест.
