.

Статистика за мечот Милан - Рома

Натпреварот Милан-Рома ќе се одигра во недела , а прочитајте дел од статистиката за овие два тима :

- Досега Милан и Рома во Серија А одиграле 155 натпревари , Росонерите славеле на 71 , нерешено било 45 пати , додека Римјаните победиле 39 пати.

-Во последните 13 натпревари , Милан има забележано само 3 победи , Рома има дури 6 победи , а 4 натпревари завршиле нерешено.

- На последните 6 средби на Сан Сиро , Рома триумфирала на 4.

- Рома постигнува гол на Сан Сиро на последните 8 средби.

- Милан нема пораз веќе 11 натпревари на домашен терен (10 победи и 1 нерешно).

- Росонерите постигнуваат барем по еден погодок на последните 14 натпревари одиграни на Сан Сиро.

- Рома победи на последните 2 гостувања , но веќе 6 натпревари не успева да постигне повеќе од еден гол.