Легендарниот италијанскии стратег Фабио Капело му порача на својот поранешен клуб Милан, по секоја цена да го задржи на клупата актуелниот тренер Масимилиано Алегри.
Капело, кој својата тренерска кариера ја започна токму во Милан истакна дека е многу поврзан со тој клуб и му порана на раководството дека Алегри е вистинскиот човек за клупата на ’росонерите’.
„Мојата врска со Милан е нераскинлива. Јас веќе 22 години го чувствувам тој клуб како моја фамилија и често кога сум во Италија го посетувам тренинг кампот. Клубот оваа година направи историска реконстрикција и сигурен сум дека набрзо повторно ќе бидат на врвот на европскиот фудбал“, истакна Капело.
„Кога се прави реконструкција со млади играчи потребно е време, но Алегри заврши феноменална работа и за многу брзо време го однесе Милан на вистинскиот пат. Тој постави темели на еден нов тим, кој игра убав фудбал и остана смирен кога го критикуваа. Од фундаментално значење за Милан е да го задржи Алегри бидејќи според мене тој е еден од најдобрите“, заклули Капело, а потоа ја коментираше ситуацијата на Јувентус.
„Јувентус оваа година немаше вистински ривали и триумфално се прошета до титулата. Италијанската лига повеќе не е како некогаш и најдобрите фудбалери сега заминуваат во Шпанија и Италија“, заклули екс-тренерот на Милан, Рома и Јувентус.
