.

Барбара до Алегри: ЛШ и остануваш тренер на Милан

Директорот на Милан, Барбара Берлускони, го пофали тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, но и даде до знаење дека мора да се биде меѓу 3-те најдобри тимови во Италија.

Росонерите очајно ја започнаа новата сезона, затоа што во првите 6 натпревари имаа само 1 победа. Сепак, сега се борат за 3-то место кое наредната сезона води во ЛШ.

Тие се наоѓаат на 4 бода предност од Фиорентина, и сигурно е дека овие два тима ги очекува неизвесна завршница до самиот крај.

„Гледано од оваа точка, Алегри направи одлична работа со младите фудбалери кои се нашата иднина и совлада многу пречки“, изјави Барбара.

„Не е на мене да одлучувам за иднината на тренерот, но доколку не успееме да влеземе во ЛШ, тогаш тоа би оставило горк вкус“, додаде таа.