Играчот на Милан Сули Мунтари малку се занесе по прославата на победоносниот погодок на неговиот соиграч Марио Балотели против Торино, кога италијанскиот репрезентативец го соблече дресот. Гест за кој заслужи жолт картон, кој на изненадување на сите му го „покажа“ токму Мунтари. Каква санкција за овој негов потег го очекува самиот Мунтари останува да се види, а судијата Дамато, по првичната зачуденост, на крајот ја прифати шегата на играчот на „росонерите“, по која и самиот му го покажа жолтиот картон на Супер Марио.