.

Пескара - Милан , повикани Росонери

Милан денеска од 18:00 часот го игра натпреварот од 36-тото коло против екипата на Пескара , а тренерот Масимилијано Алегри веќе го соопшти својот состав за тој дуел.

Поради повреди на неговиот список не се наоѓаат Лука Антонини , Даниеле Бонера , Најџел Де Јонг , Рикардо Монтоливо и Бојан Кркич , додека суспендиран е Кевин - Принс Боатенг.

Во продолжение погледнете го целиот список на повикани играчи :

Голмани : Кристијан Абијати , Марко Амелија и Габриел

Одбрана : Игнацио Абате , Матија Де Шиљо , Филип Мексес , Бартош Саламон , Марио Јепес , Кристијан Запата и Кристијан Закардо

Средина : Масимо Амброзини , Кевин Констант , Брајан Кристанте , Матје Фламини , Сали Мунтари , Антонио Ночерино и Бакаје Траоре

Напад : Марио Балотели , Стефан Ел Шарави , Мбаје Нианг , Џампаоло Пацини и Робињо