Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани потврди дека Милан ќе му одреди парична казна на својот напаѓач поради соблекувањето на дресот во неделата.
Балотели на натпреварот од 34-тото коло го постигна победничкиот гол за Милан во 84-тата минута на дуелот против Торино, а голот го прослави со соблекување на дресот по што заработи жолт картон. Тоа беше деветти гол за Балотели на десет натпревари откако се пресели од екипата на Сити во тимот на Милан.
Галијани го пофали Балотели кој што игра во одлична форма, но додаде дека од клубот ќе биде санкциониран поради тоа што доста често е опоменуван од судиите.
,,Се додека постигнува повеќе голови отколку што ги соблекува дресовите, тогаш е во ред. Но соблекувањето на дресот не е прифатливо, а Марио тоа ќе го забележи на крајот од месецот кога на неговата сметка ќе стигне месечната плата. Многу сме среќни со Марио, тој е навивач на Милан и тоа му помага, му дава нешто екстра'' - изјави Галијани.