.

Милан сака да ја искористи расподажбата на Реал

Финалето на Лига Европа вечерва во Амстердам некои клубови ќе го искористат и да започнат преговори кога е во прашање летниот преоден рок.


Меѓу тие клубови чии претставници ќе се најдат вечерва на Амстердам Арена се и Милан и Реал Мадрид, а како што пренесува италијанскиот портал Calcio Malato, еден до друг во ложата ќе седат потпретседателот на Росонерите Адријано Галијани и првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез.
Се шпекулира дека тие средбата меѓу другото ќе ја искористат и да започнат преговори за летниот преоден рок во кој Милан има неколку желби кога е во прашање составот на Реал.
Поточно, добрите односи помеѓу двата клуба Италијанците сакаат да ги искористат да добијат одреден попуст на играчите за кои се заинтересирани. 
Тоа, според Calcio Malato, се Лука Модриќ, Анхел Ди Марија, Диего Лопез и Пепе, играчи чија судбина во Мадрид во голема мерка ќе зависи од тоа дали Жозе Мурињо ќе остане во клубот и следната сезона.
Кога се Лопез, Пепе и Ди Марија во прашање, речиси сигурно е дека тие, исто како и Гонзало Игуаин, ќе се најдат на трансфер-пазарот, додека иднината на Модриќ е директно поврзана со таа на Мурињо.
Нормално, цената која Реал ја плати лани за Хрватот од 40 милиони евра е превисока за Милан, кој би можел да се обиде да го позајми Модриќ, или пак да го добие за пониска цена.