
Италијанскиот гигант Милан денес ги претстави дресовите за следната сезона, а најголемо внимание привлече третиот комплет кој е компетно во златна боја.
Златната боја е застапена и во првиот комплет на дресовите кој вообичаено е црвено-црн, но со златни траки на ракавите, додека третиот комплет е комплетно со златна боја и на него стои слоганот: „Нашата иднина изгледа вака“.
„Златните дресови“ и официјално ќе бидат промовирани во недела на натпреварот против Рома, кога играчите ќе истрчаат на терен токму со овие дресови.


