Принс Боатенг одигра една од најслабите сезони во дресот на Милан и летово се очекува да го напушти Сан Сиро.
Ганецот не е задоволен од постојаните ротации кои ги прави тренерот Масимилијано Алегри и сака да има поофанзивна улога во тимот.
И Милан не е задоволен од неговите настапи па се очекува управата да прифати понуда од околу 15 милиони евра.
Манчестер Сити е заинтересиран за услугите на Боатенг, но приоритет на „граѓаните“ се Иско од Малага и Фернандињо од Шахтјор, со кого преговорите се во напредна фаза.
Исто така за Боатенг интерес покажа и неговиот поранешен клуб Тотенхем , кадешто тој помина 2 неуспешни години во кои одигра само 14 натпревари.
