.

Галијани соопштува кои играчи ќе дојдат , а кои ќе заминат



Потпретседателот и воедно одговорен за трансферите на Милан , Адријано Галијани соопшти некои важни информации за трансфер периодот и некои негови планови и мислења :

- По долги 18 години , Масимо Амброзиини ќе се раздели со Милан. Негова замена ќе биде Брајан Кристанте.
- Ако Абијати се согласи , од наредната сезона капитен ќе биде Монтоливо.
- Во нападот сме добри , засега нема преговори за Тевез.
- Досега добивме највеќе понуди за Ел Шарави , ништо не се знае , трансфер периодот е далеку од крај и може се да се случи , па дури и да го продадеме.
- Следната сезона ќе играме со формација 4-3-1-2 , а на позицијата полушпиц ќе располагаме со Сапонара и Боатенг.
- Вергара ќе го замени Марио Јепес , Сапонара ќе го пополни местото на Бојан Кркич , а до враќањето на Пацини ќе сметаме на младиот Андреа Петања
- Со Фламини ќе разговараме околу продолжување на договорот , доколку не најдеме заеднички јазик можно е да замине , па дури и во Интер.