Италијанските медиуми пишуваат дека Милан ќе плати 15 милиони евра за да ги добие услугите на талентот на Динамо Загреб Ален Халиловиќ.
Откако стана најмладиот хрватски фудбалер кој остварил настап на меѓународна сцена, 16-годишниот Ален Халиловиќ е на добар пат да направи трансфер од соништата.
Како што јавуваат италијанските медиуми ова момче го привлече вниманието на италијанскиот гигант Милан, кој е спремен да плати 15 милиони евра за неговиот потис. Имено ’росонерите’ испратиле понуда од 5 милиони евра за едногодишна позајмица и додатни 10 милиони евра за на крајот на сезоната трансферот да стане перманентен.
Инаку, Халиловиќ, кој сеуште нема наполнето 17 години оваа недела го забележа и дебито за хрватската репрезентација, со што стана најмладиот играч кој некогаш заиграл за оваа репрезентација.
Тој е еден до најголемите таленти во Европа и за неговите услуги покрај Милан се интересираат уште и Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Шахтјор.
