.

Размената Ел Шарави - Јоветиќ е чиста фантазија


Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде ги демантираше гласините дека Стеван Јоветиќ би можел да се пресели во Милан во замена за Стефан Ел Шарави.






Даниеле Праде тврди дека неговиот состанок со потпретседателот на Милан, Адриано Галијани бил чисто пријателски: ,,Го сретнав Галијани во опуштена атмосфера. Апсолутно не разговаравме за размена на фудбалери. Кога говориме за можната замена Јоветиќ - Ел Шарави, тоа е чиста фантазија'' - изјави Праде.