Кориере дело Спорт објавува дека двата клуба го договориле трансферот вреден седум милиони евра и дека Хонда за четири години во дресот на Росонерите ќе заработи десет милиони евра.
Претходно Милан ќе треба да го продаде Робињо на бразилскиот Сантос во кој напаѓачот ја стекна својата фудбалска афирмација. Висината на тој трансфер изнесува осум милиони евра.
Дваесет и седумгодишниот Хонда во минатите три сезони во дресот на ЦСКА одигра 102 натпревари и постигна 23 гола.
За националниот тим на Јапонија во 45 меча даде 15 погодоци.
