.

Алегри останува во Милан

Долго време се говореше дека стратегот ќе замине од Сан Сиро, и покрај тоа што има договор за уште една година.

Масимо Алегри силно се поврзуваше со Рома, а медиумите говореа дека Кларенс Сидорф ќе го превземе кормилото на Милан.
Откако во неколку наврати средбата беше одложена, Масимо Алегри вчера се сретна со Силвио Берлускони и Адријано Галијани.

По крајот на состанокот, сопственикот на Милан соопшти дека Масимо Алегри останува на тренерското столче на Сан Сиро.
„Со Галијани и Алегри имавме искрена и отворена дискусија, во која направивме проценка и анализа на минатата сезона, па одредени работи беа разјаснети” – рече Силвио Берлускони.

„Постигнавме договор за правата и обврските на клубот кон тренерот, и обврските и правата на тренерот кон клубот”.

„Исто така зборувавме за типот на фудбалот што Милан мора да го игра, и за составот за следната сезона, воспоставивме водич за трансфер пазарот”.

„Односот со тренерот, кој никогаш не бил прекинат, продолжува со верба и апсолутна почит од двете страни”.

Пред да излезе соопштението на Силвио Баерлускони, медиумите од Италија пишуваа дека Алегри ќе ја продолжи верноста до 2015, но во моментов од таборот на Милан нема најави за нов договор на тренерот.

Исто така, се говори дека Алегри на средбата побарал тимот во летниот трансфер период да биде засилен со еден централен дефанзивец, двајца фудбалери од средниот ред и со офанзивен играч кој ќе оперира по крилините позиции.