Откако официјално беше потврдено продолжувањето на договорот на Милан со тренерот Масимилијано Алегри , време е да обрнеме внимание на летниот трансфер период.
Милан веќе договори 2 засилувања , тоа се Јерсон Вергара и Рикардо Сапонара , а во последно време се погласни се шпекулациите околу преселбата на Сан Сиро на Андреа Поли.
Во продолжението на ова лето, Росонерите се очекува да се борат за потписот на Јосип Иличиќ кој речиси сигурно ќе го напушти Палермо , Алесио Черчи од Торино.
Дефанзивната линија треба да биде засилена од страна на уште еден фудбалер на Торино - Анџело Огбона кој може да биде вклучен во размена со Бартош Саламон.
Како потенцијални замени за повредениот Пацини се спомнуваат Герман Денис и Лука Тони.
