Милан и Адидас ја продолжија соработката според која Росонерите ќе ја носат опремата на германскиот производител до сезоната 2022/23.
Адријано Галијани : „Денес испишуваме нова страница во нашата соработка што е голема сатисфакција за нас. Ќе соработуваме вкупно 25 години, затоа што уште од 1998 година делиме исти вредности, стратегии, желба за успех, иновативен дух и многу победи. Адидас во текот на сите овие години беше со нас“
Херберт Хајнер (директор на Адидас) : „Овие 15 години секогаш го ценев ставот на Милан и посветеноста за нови победи на теренот. Милан ќе се зацврти како светски бренд и среќен сум што ќе соработуваме и во наредните 10 години во кои ќе оствариме големи победи“

