Адил Рами постигнал договор од јануари како позајмен играч да се пресели во Милан.
Францускиот репрезентативец по кавгата со тренерот Мирослав Ѓукиќ има статус на суспендиран играч во екипата на Валенсија.
Рами денес имал состанок со челниците на Милан на кој постигнал договор за позајмица од јануари до крајот на сезоната со опција Росонерите да го откупат неговиот договор следното лето.
За 27-годишниот дефанзивец беа заинтересирани Рома и уште неколку англиски клубови, но најбрзо реагираше потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.
