Дефанзивецот на Милан Филип Мексес е надвор од тимот поради бизарна повреда. Имено, Французинот доби инфекција на окото поради прекумерно користење на солариум.
Мексес се пожали на болки во окото при загревањето за мечот со Џенова, а специјалистичките прегледи потврдија дека има оштетување на очниот нерв и поради тоа некое време ќе биде надвор од тимот.
Денеска италијанските медиуми ја обелоденија причината за неговата повреда, па иако звучи бизарно, Мексес го оштетил окото од претерано користење на солариум.
Дефанзивецот на Милан пречесто се извложувал на зрачење со цел да добие темен тен, па така го оштетил очниот нерв. Сепак не станува збор за тешка повреда па Мексес би можел да се врати веќе на следниот натпревар против Катанија.
