.

ЗБОГУМ ГАЛИЈАНИ !



Адријано Галијани објави дека си заминува од клубот по одигрувањето на последниот натпревар од групната фаза од ЛШ против Ајакс.
По катастрофалната игра во изминативе месеци , 69-годишниот „Чичко Фестер“ беше под притисок да ја напушти функцијата, а според информациите тоа ќе го стори заради несогласувања со ќерката на  Силвио Берлускони, Барбара.
Еве што изјави потпретседателот на Милан :
„Ќе поднесам отказ во наредните неколку дена, најверојатно по мечот со Ајакс. Ќе си заминам од клубот со или без обештетување. Разбирам дека доаѓа време на промени, но не вака. Мојата репутација е нарушена. Ова треба да се изведе поинаку. Се уште не знам што ќе правам во иднина. Малку ќе одморам, а потоа ќе донесам одлука“
Галијани беше потпретседател на Милан од самото доаѓање на Берлускони во далечната 1986 година , а од тогаш , за нецели 28 години Милан со него успеа да освои 27 титули.