Оваа пресметката на градските ривали секогаш е интересна без разлика на кое место се наоѓаат овие два тима.
На едната страна ги имаме Занети, Хандановиќ, Гуарин, Камбијасо,Паласио, додека пак на спротивната се Балотели, Монтоливо,Кака, Абиати Мунтари.
Бразилецот Кака е еден од фудбалерите кои можат да го одбележат овој натпревар. Имено поранешниот фудбалер на Реал својот прв гол во дресот на „росонерите“ го има постигнато против Интер на 5 октомври 2003 година, а вечерва ќе има можноста против истиот противник да дојде до својот 100 погодок во дресот на Милан.
- Ќе биде одличен божиќен подарок ако го постигнам 100 погодок против Интер- изјавил Кака.
.png)