.

Сидорф има преддоговор со Милан?

Кларенс Сидорф ќе биде следниот тренер на Милан и веќе има потпишано преддоговор со италијанскиот клуб, тврди вечерва „Скај Спорт Италија“.

 Холанѓанецот веќе неколку пати беше споменуван како можен наследник на Масимилијано Алегри, но претседателот Силвио Берлускони во последен момент се премислуваше за отказот на Алегри.

Сидорф е поранешен фудбалер на „росонерите“ и е во добри односи со Барбара Берлускони, а тоа е и една од главните причини што може да добие предност пред Андре Вилјаш-Боаш кој исто така се споменува како можен наследник на Алегри.

Иако Милан сезонава обезбеди место во осмина-финалето на Лигата на шампионите, раководството не е задоволно од игрите и пред се резултатите во Серија А кои веројатно ќе го остават 7-кратниот европски шампион без место во елитата наредната сезона.