Легендата на Интер и светскиот фудбал, Хавиер Занети даде многу интересно интервју за „Екип“ каде зборуваше за „Златната топка“ и најдобрите противници кои ги имал во кариерата.
На прашањето кој ја заслужува „Златната топка“ повеќе помеѓу Меси, Роналдо и Рибери, Аргентинецит одговори.
„Искрено мислам дека сите тројца ја заслужуваат наградата, но мора да се избере еден. Моето мислење е дека тоа треба да биде Меси. Иако Роналдо во овој момент игра навистина фантастично и е голем играч. Меси и понатака е најдобар и ја заслужува Златната топка“, изјави Занети.
Кога зборуваше за своите противници, Занети го издвои Рикардо Кака, кого го окракатеризира како игач со кого никогаш не можел да излезе на крај.
„Мислам дека Меси е најдобриот фудбалер со кого сум играл, а кога станува збор за противниците тоа дефинитиво е Рикардо Кака. Кога топката е во неговите нозе вие просто не знаете што ве чека, секогаш има спремно изненадување. Кога го чувате никогаш немате спремен одговор. Среќен сум што повторно пронајде задоволство во играта, бидејќи го заслужува тоа“, истакна Занети.
