.

Симеоне: Милан има тренер што може да ја елиминира секоја екипа

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше жребот за осминафиналето во Лигата на шампиони и нивниот следен противник, екипата на Милан.

Атлетико под водство на Симеоне ја игра најдобрата сезона во поновата историја на клубот па важат како големи фаворити против Милан, кој оваа сезона бележи катастрофални резултати.

„Јас не мислам дека Милан е лесен противник. Многу го респектирам, тие се историјата на ЛШ, имаат освоено 7 титули и секогаш е тешко да се игра на Сан Сиро. Можеби во моментов не се во форма, но имаат одличен тренер кој може да ја елиминира секоја екипа. Да не заборавиме дека минатата сезона Милан ја победи Барса 2:0“, изјави Симеоне.

„До март работите можат да се променат, а Милан има играчи кои можат да решат натпревар во секој момент. Мислам дека шансите се 50-50 за двата тима“, додаде аргентинскиот стратег.