Главата горе момци, се обидовме, како што кажа Макс сантиметри до целта бевме но тоа е тоа, спортски поздрав и повеќе среќа следниот пат.
Не е важно сега дали Меси бил малце во офсајд, или Пике играл со рака, бидејќи Барселона ни даде 4 причини зошто моментално се едно ниво пред нас. Реално гледано не очекувавме ваков исход, но пред почетокот на онаа фантастична серија која започна во новата година апетитите ни беа задоволени, затоа што двомеч со најдобриот тим во светот во моментот можеби не беше најидеална опција за нас.
Се враќаме викендов онаму каде што застанавме, а тоа е борба за второто место (ни рипна стандардот) на табелата и освојување максимум бодови до крајот на сезоната.
10 натпревари:
Палермо(дома)
Киево(гости)
Фиорентина(гости)
Наполи(дома)
Јувентус(гости)
Катаниа(дома)
Торино(дома)
Пескара(гости)
Рома(дома)
Сиена(гости)
Малце е нереално да извадиме 10 од 10 но мое лично верување дека со 6 победи,2-3 нерешени и 1 максимум 2 порази второто место ќе биде наше.
Палермо,Киево,Катаниа,Торино,Пескара,Сиена на хартија би требало да бидат 4-5 победи и некој нерешен исход, ама 5 од овие 6 екипи се во опасната зона што значи дека нема така лесно да ги дадат тие бодови.
Мое видување е дека победа против Наполи и Рома како и да се остане непоразен на Артемио Франки ќе биде клуч за остварување на нашата цел покрај освојување на колку што можеме бодови против гореспоменатите противници.
До крајот на месецот ни останува натпреварот в недела потоа следи интернационална пауза поради квалификациски дуели па за крај на месецот гостување кај Летечките Магариња.
Нема за што да жалиме момци одиме напред!
