Имено, првиот човек на Ливорно, Алдо Спинели, вели дека тој прво им го понудил Киелини на ’росонерите’, но тогаш Галиани одбил да го купи дефанзивецот за само 4 милиони евра.
„Бев на вечера во саботата со Масимилиано Алегри и со Адриано Галиани. Се потсетувавме на старите времиња и на оној момент кога Галиани не сакаше да потроши четири милиони евра на мојот Џорџо Киелини. Малку се смеевме“, изјави Спинели.
Киелини во 2004-та година се пресели во редовите на Јувентус, а сезоната 2004/2005, ја мина како позајмен фудбалер во Фиорентина. За националната селекција на Италија има одиграно вкупно 57 натпревари.
