Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, тврди дека Марио Балотели се наоѓа на врвот на најквалитетните фудбалери на светот.
Балотели се наоѓа во одлична форма по доаѓањето во Милан во јануарскиот преоден рок, постигнувајќи 7 гола за Милан и еден за репрезентацијата на Италија.
„Балотели се наоѓа меѓу петте најдобри играчи во светот во овој момент. Тој е позади Лео Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ и Фалкао“, изјави Галијани.
„Нормално тука е и Кавани, но Балотели има само 22 години. Тој е многу скромен дечко. Го повикав да му честитам на постигнатио гол против Бразил, а тој ми се пожали дека можел уште неколку шанси да ги искористи“, додаде тој.
Галијани изјави дека Балотели го сметал за добар играч уште додека играл за Интер.
„Секогаш го сметав Балотели за сјаен играч, дури и кога играше за Интер. Зборувам со него секој ден и го советувам да продолжи вака како што почна“, заклучи Галијани.
