.

Италијaнска репрезентација само од Милан и Јуве!

Чезаре Прандели за прв пат во историјата на фудбалот на Апенините во еден натпревар на Италија ќе изведе тим составен само од два клуба.

Според имформациите од медиумите на Апенините италијанската репрезентација на денешниот натпревар против Малта ќе биде составена од 6 играчи на Јувентус и 5 на Милан.

Во последниве две години играчите на Јувентус доминираат во репрезентацијата, но интересно е што сега за прв пат во историјата тимот доаѓа од само два клуба бидејќи на теренот ќе се најдат 5 „Миланисти“.

На голот ќе биде стандардно Буфон, бекови се ’росонерите’ Абате и Де Шиљо, а во срцето на одбраната Барзаљи и Бонучи. Во средниот ред на Пирло друштво ќе му прават Монтоливо и Маркизио, а позади напаѓчкото дуоБалотели – Ел Шарави ќе биде Џакерини.

И самиот Прандели го потврди тоа на пресконференцијата, а единствена измена која што може да се случи до почетокот на натпреварот е како стартер да се појави Алесио Черчи на месотото на Џакерини.