.

Наполи го сака Ночерино

Менаџерот на играчот од средниот ред на Милан вели дека за неговиот клиент се распрашуваат многу клубови меѓу кои е и Наполи.

Антонио Ночерино го изгуби статусот на првотимец оваа сезона кај Алегри, па можно е ова лето да си замине од Сан Сиро.

Неговиот менаџер вели дека интензивно работи на најдобро можно решение за својот клиент.

„На никој не му е пријатно кога не игра. Антонио не беше во првите 11 уште од Божиќ и апсолутно го разбирам неговото незадоволство“

Тој сака да игра за репрезентацијата на Мундијалот во Бразил, а со оваа минутажа во Милан тешко дека ќе успее.

„Наполи покажа заинтересираност, ќе видиме што ќе се случи“, рече агентот Сомело.

Ночерино има 14 настапи за ‘росонерите’ оваа сезона во Серија А.