Чезаре Прандели, изјави дека е воодушевен од промената на карактерот кај Балотели, откога тој игра за Милан, изјавувајќи дека тој повеќе е фокусиран на самата игра.
Марио Балотели од своето доаѓање во јануари веќе постигна 7 голови за Милан, и Прандели очигледно е воодушевен од можностите кој неговиот напаѓач ги покажува.
„Тој е фокусиран 1 долг период на натпреварот и тоа е неговото најголемо достигнување. Подобро тренира, се повеќе внимава на деталите, знае дека така мора да се однесува во репрезентацијата“, изјави Прандели.
Прандели во репрезентацијата на Италија повика пет играчи на Милан и осум од Јувентус.
„Ги повикав затоа што ми се допаѓа идејата на тренинзите да работиме во блокови. Потребно е само надминување на јазот помеѓу две групи кои би создале цврста целина“
