Марио Балотели, напаѓачот на Милан, е убеден дека неговата екипа може да го стигне Наполи на второто место до крајот на сезоната.
Балотели во денешниот натпревар против Палермо постигна 2 гола за Милан и така самиот ја победи екипата од својот роден град.
„Победивме што е многу важна работа. Успеавме да се опоравиме од поразот од Барселона“
„Ќе го пристигнеме Наполи уште следната недела. Мора да продолжиме да работиме тимски. Можеби не играме како Барса, но сигурен сум дека можеме да го стигнеме нивното ниво“
