Пато четвртфиналниот натпревар помеѓу Барселона и Милан го гледал во својот стан во Бразил, каде од јануари настапува за бразилскиот Коринтијанс.
„Милан е во моето срце и секогаш навивам за нив. Го гледав натпреварот на ТВ и многу се нервирав, потребен беше само еден гол. Сигурен сум дека ако играв јас на Камп Ноу ќе постигнев гол и ќе го однесев Милан во четвртфинале“, вели Пато.
„На Милан му должам многу. Тој клуб ми даде се и секогаш ќе остане во моето срце. Дали ќе се вратам еден ден? Не знам, сега мислам само на Коринтијанс, каде имам договор на четири години. Но, иднината никој не ја знае“, додаде Пато.
