.

Молња го погодила авионот со италијанските репрезентативци

Според пишувањето на италијанските медиуми, авионот со кој фудбалерите на Италија патувале за Женева бил погоден од молња, непосредно пред слетувањето на швајцарскиот аеродром.

Италија утре игра пријателска средба со Бразил во Женева, но фудбалерите нема да го паметат летот по добро зашто се создала голема паника во авионот. Сепак, ситуацијата била смирена по неколку минути турбуленција на воздухопловот.

Повредени немало, авионот сигурно слетал, а според некои очевидци, италијанските фудбалери ја бакнувале земјата кога излегле на пистата.