.

Де Шиљо: Фантастично искуство

Левиот бек на Милан, Матија Де Шиљо, синоќа дебитираше за Италија и тоа во пријателскиот натпревар против селекцијата на Бразил.

Младиот Де Шиљо го започна натпреварот во стартната постава против Бразил, а како што и самиот призна, тоа било фантастично искуство за него.

„Мислам дека одигравме добро во одбрана вечерва. Пробав да играм добро, а да нападнам кога ќе ми се укаже прилика. Да играш против Дани Алвеш беше тешко“, призна Де Шиљо.

„Ова е фантастична група. Одлично сум примен од сите. Тренерот ми даде доста информации оваа недела, и сите играчи ми помогнаа да се чувствувам пријатно. Вечерва покажавме дека сме сјаен тим“, додаде тој.