Извршниот директор на Милан, Адријано Галијани изјави дека тренерот на „росонерите“ Масимилијано Алегри не треба да се грижи за својата работа.
„Ме прашувате за иднината на нашиот тренер? Тој не оди никаде, затоа што верувајте ми е „закован“ за клупата на Милан“, рече Галијани за италијанските медиуми.
За услугите на Алегри интерес покажа Рома, која наводно ќе се обиде да го ангажира на лето.
Милан моментно се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија А со 11 бода помалку од лидерот Јувентус.
Алегри дојде на клупата на Милан во летото 2010. година, а веќе во првата сезона го освои скудетото.