Голгетерот на Милан, Марио Балотели заработи суспензија од три натпревари поради навредите што ги упати кон судијата Таљавенто по завршувањето на дуелот со Фиорентина.
Таљавенто не досуди чист пенал за ‘росонерите’ кои прокоцкаа два гола предност во Фиренца, а веднаш после завршувањето на натпреварот Балотели му пришол на судијата и му се обратил со зборовите: „Каде ти се очите, дали гледаш воопшто?“
Сето ова било забележано во записникот на делегатот на натпреварот, врз основа на што дисциплинската комисија се реши да го казни проблематичниот голгетер највисока казна, односно со 3 меча неиграње. Поради што контроверзниот напаѓач ќе ги пропушти дуелите со Наполи, Јувентус и Катанија.
Милан смета дека ваквата одлука е престрога и најави жалба до дисциплинската комисија, па останува да видиме во наредните денови дали казната ќе биде намалена или потврдена.

