Медиумите продолжуваат да шпекулираат за заминување на Робињо од Сан Сиро, но напаѓачот ги негира ваквите стории.
„Кој вели дека летоска ќе се вратам дома?” – рече Робињо во интервју за Gazzetta dello Sport.
„Постојано слушам за ова, но не знам ништо за враќање во Бразил”.
„Во јануари поминував низ еден тежок период, но тоа сега е минато”.
„Многу сум среќен во Милан и полека влегувам во форма. Сакам да останам на Сан Сиро”.
„Сакам добро да ја завршам сезоната, да играм одлично следната и потоа ќе разговараме за нов договор”.
„Можам да ве осигурам дека шестте натпревари до крајот на сезоната нема да ми бидат последни во дресот на ’Росоњерите’”.
