.

Андреа Поли е нов играч на Милан?

Андреа Поли се смета за еден од најдобрите млади играч од средиот ред во Серија А.

Според Tuttomercatoweb.com Милан постигнал договор со Андреа Поли а целата зделка Милан ќе го чини 6 милиони евра а играчот ќе потпише четиригодишен договор со Росоњерите,

Последниве 2 дена се зголемија шпекулациите дека човекот кој му е потребен на Алегри може да биде 23 годишниот играч од средниот ред на Сампдорија, Андреа Поли.Се спомнува дека Берлускони е оној кој најмногу го форсирал овој трансфер затоа што Поли го видел како играч совршен за Милан.
Во 2006-тата година,како 17 годишен играч бил многу блиску до преселба во Милан,но Сампдорија била побрза и поодлучна за негов трансфер.