.

Галијани: Со Балотели можеме до финале во Лига на шампиони

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани денеска изјави дека неговиот клуб предводен од напаѓачот Марио Балотели има потенцијал да се најде во финалето од Лигата на шампионите.

„Имаме голем напаѓач со име Марио Балотели и со него можеме да се надеваме на пласман во финалето на Лигата на шампионите“, рече Галијани.

Тој ги потврди информациите дека во Милан останува и Стефан Ел Шарави.

„Ел Шарави е апсолутно наш играч. Тој може да биде спокоен околу тоа, а интересот за него од големите европски екипи само покажува колку е тој квалитетен“, заврши Галијани.

Милан сезонава во Серија А го освои 3. место и ќе игра квалификации за влез во ЛШ.