.

Статистиката на Милан од сезоната 2012/13

Милан сезоната 2012/13 ја заврши на третото место во Серија А. Во ЛШ , Росонерите стигнаа до осмина-финалето кадешто загубија од Барселона , a во Купот на Италија до четврт-финалето. Во продолжение ќе можете да проследите неколку статистики од изминатата сезона :
- На последните 5 натпревари : 4 победи и 1 нерешена средба
- На последните 5 натпревари на домашен терен  : 3 победи и 2 нерешени
- На последните 5 натпревари на гостински терен : 3 победи , 1 нерешена и 1 пораз
- Најголема посетеност на домашен терен : 77.023 (против Јувентус)
- Најмала посетеност на домашен терен : 28.005 (против Каљари)
- Просечна посетеност во текот на целата сезона : 41.245
- Најголема победа на домашен терен :  5-1 (против Киево)
- Најголема победа на гостински терен : 0-4 (против Пескара)
- Најголем пораз на домашен терен : 1-3 (од Фиорентина)
- Најголем пораз на гостински терен : 4-2 (од Рома)
- Најдолга победничка серија : 4 натпревари (против Лацио , Џенова , Палермо и Киево)
- Најдолга серија без пораз : 14 натпревари  (против Сиена , Сампдорија , Болоња , Аталанта , Удинезе , Каљари , Парма , Интер , Лацио , Џенова , Палермо , Киево , Фиорентина и Наполи)
- Најдолга серија на порази : 2 натпревари (од Интер и Лацио)
- Најдолга серија без победа : 3 натпревари (со Фиорентина , Наполи и Јувентус)

*Милан највеќе голови постигнал во временскиот интервал од 76-90 минута - вкупно 23 голови , а највеќе примил од 16-30 минута  - вкупно 8 голови.

*Победи со еден гол разлика : 10
                    два гола разлика : 7
                    три гола разлика : 2
                    четири гола разлика : 2
                    пет+ гола разлика : 0

*Порази со еден гол разлика : 6
                    два гола разлика : 2
                    три гола разлика : 0
                    четири гола разлика : 0
                    пет+ гола разлика : 0