Легендарниот Бразилец во својот разговор со La Gazzetta dello Sport имаше што да му порача на напаѓачот на Милан , Марио Балотели.
Балотели располага со голем талент, тој има одлична техника и знае како да го пронајде патот до мрежата. Во Бразил тоа е доволно за еден играч да ја освои публиката. Сепак, само тоа не е доволно за она што тој може да стане. Не смее да ги користи своите години или талент како оправдување за глупостите кои ги прави на теренот“ - рече Роналдо, кој зборуваше и за провокациите на тревникот на кои Балотели често знае бурно да изреагира.
„Ако еден напаѓач знае да игра тогаш тој ќе помине преку тепањето и провокациите. Јас тоа многу добро го знам, кој знае што ќе беше со мене да реагирав секогаш кога така се однесуваа кон мене. Сите ние правиме понекоја глупост во животот, но мораме да знаеме кога е доста“.
Потоа Роналдо направи и споредба на Балотели со својот некогашен соиграч во составот на Бразил, Адријано, кој неславно ја заврши својата европска кариера.
„Мене лично Марио ме потсеќа на Адријано, иако е сосема јасно дека неговиот случај беше поинаков од овој на Балотели. Адријано имаше неверојатна техника и физички способности и поради тоа можеше што сака да прави на теренот. Но, по одредена точка тој веќе не можеше да се носи со тоа. Мој совет за Балотели е да не го троши залудно својот талент“ - заврши Бразилецот.
