.

Нова интересна размена помеѓу Интер и Милан

Градските ривали Интер и Милан иако го сочинуваат едно од најгоемите градски дербија во Европа секогаш имале исклучително добри односи и одлична соработка, а за тоа доказ се многуте трансфери реализирани помеѓу двата клуба.

Последна потврда за добрата соработка е минатогодишната размена помеѓу Касано и Пацини, а според „Газета дело Спорт“ ова лето на повидок е нова размена на играчи меѓу миланските клубови.

Не е тајна дека една од желбите на Мацари во овој преоден рок е Антонио Ночерино, кој минатата сезона не добиваше голема шанса во Милан, па ’росонерите’ најверојатно ќе се разделат со играчот ова лето.

Интер веќе почнал преговори за трансфер на Ночерино, но Милан за возврат го бара младиот плејмејкер Рики Алварез.

Аргентинецот пристигна во Интер пред две сезони како голем талент, но никогаш не успеа на „Џузепе Меаца“ во целост да ги покаже своите квалитети. „Росонерите“ веруваат во неговиот потенцијал и сметаат дека Милан е идеална средина за негова комплетна афирмација.

„Газета дело Спорт“ тврди дека преговорите се во напредна фаза и дека во следните неколку дена трампата би требало и официјално да биде реализирана.