.

Милан може да располага со 80 милиони евра за трансфери

Буџетот на Милан предвиден за летниот трансфер период изнесува 25 милиони евра.

Сепак , таа бројка може значително да се зголеми доколку Росонерите успеат да се ослободат од неколку , воглавно непотребни фудбалери.
Станува збор за список составен од 10-мина фудбалери кои летово би можеле да го напуштат Милан , а со парите од нивните трансфери буџетот би пораснал и до 80 милиони евра.

Во продолжение погледнете го списокот на играчи од кои Милан може да се ослободи летово и притоа да го зголеми буџетот :

Марко Амелија - 4 милиони евра
Лука Антонини - 3.5 милиони евра
Дидак Вила - 3 милиони евра
Таје Таиво - 3 милиони евра
Кристијан Закардо - 3 милиони евра
Бакаје Траоре - 2 милиони евра
Робињо - 8 милиони евра
Боатенг - 15 милиони евра
Емануелсон - 7 милиони евра
Ночерино - 7 милиони евра