
Пиер - Емерик Обамејанг е 24-годишен фудбалер на францускиот прволигаш , Сент Ентјен. Тој во сезоната 2007/08 настапувал за Примавера , младинскиот тим на Милан , а потоа по промовирањето во првиот тим , од 2008-2011 бил на три позајмици (во Дижон , Лил и Монако). Во 2011 година Сент Ентјен одлучи да го откупи младиот напаѓач од Милан. Обамејанг почна да го покажува својот полн потенцијал во последните 2 сезони , 2011/12 на 38 настапи постигнати 18 голови и посебно во последната 2012/13 кога на 44 настапи во сите конкуренции постигна 21 гол , а имаше и преку 10 асистенции. Овој играч е специфичен и по тоа што е првиот кој играл со копачки со Сваровски кристали , а и по тоа што некој од своите голови ги прославува со Спајдермен маска. Останува да видиме дали Милан ќе направи паметен потег и летово ќе му ја исполни желбата на габонецот да се врати на Сан Сиро.
