Иако се чинеше дека Карлос Тевез е многу блиску до трансфер во Јувентус, сепак првиот оперативец на Милан Адриано Галиани успеа да ја победи конкуренцијата и сега Аргентинецот е на чекор од „Сан Сиро“.
Агентот на фудбалерот, Киа Јорабичијан вчера пристигна во Милано каде имаше двочасовен состакон со Адриано Галиани, на кој беа договорени сите детали од договорот. Имено, Тевез ќе потпише 3-годишен договор со миланскиот клуб и ќе заработува 4 милиони евра плус бонуси.
„Росонерите“ се во пол позиција за потписот бидејќи Милан е прв избор на Тевез, по што Јувентус порача дека се повлекува од трката со образложение дека не сака да ја крева цената на фудбалерот.
Медиумите соопштуваат дека Милан и Манчестер Сити лесно ќе се договорат за обештетувањето, но најпрво ’росонерите’ треба да го продадат Робињо, кој е многу блиску до трансфер во Сантос, а порај Бразилецот сигурно ќе замине и Кевин Принц Боатенг.
„Газета дело спорт“ пренесува дека пристигнувањето на Тевез не зависи од Ел Шарави и дека Милан сака да го задржи младиот напаѓач бидејќи верува дека со триото Ел Шарави – Балотели – Тевез ќе може да го врати Скудетото во Милано.
