
Претседателот на бразилскиот клуб Сантос, Одилио Родригес, потврди дека моментално преговара со италијанскиот гигант Милан, околу трансферот на крилниот напаѓач Робињо.
Повремениот репрезентативец на Бразил потекнува токму од овој клуб и е идол на навивачите на Сантос, па важи како иделана замена за Неимар кој неодамна премина во Барселона.
„До крајот на неделата очекувам одговор од челниците на Милан. Мислам дека можеме да се договориме. Робињо е нашата примарна цел и мислам дека можеме да се договиме околу трансферот со Милан“, истакна претседателот на Сантос.
Медиумите пишуваат дека Милан за потписот на Робињо бара 10 милиони евра, но понудата на Сантос во моментов е пониска од таа сума. Сепак постои оптимизам дека трансферот ќе се реализира за сума помеѓу 8 и 9 милиони евра и дека ’росонерите’ како негова замена сакаат да го донесат Карлос Тевез.