Раководството на Милан се откажа од трансфер на напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез - соопшти телевизијата Медијасет.
Росонерите имаат уште едно празно место за фудбалер кој нема ЕУ-пасош , откако потпишаа со младиот Јерсон Вергара и со тоа го искористија првото празно место. Тоа значи дека управата на италијанскиот гигант ќе мора да бира помеѓу Хонда и Тевез.
Во минатите неколку дена спласна интересот на Милан за Тевез, а сега силите се насочени кон ангажман на јапонецот од средниот ред , Кеисуке Хонда. Фудбалерот на ЦСКА Москва има договор до 31 декември со рускиот тим и на Сан Сиро би се преселил по цена од околу 2 милиони евра.